Во несреќата кај Ласкарци 13 загинати, 4 се борат за живот, над 30 повредени

0

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва пред ГОБ „8-ми Септември“ на вонредна прес-коференција ги соопшти информациите за жртвите во сообраќајната несреќа која попладнево се случи кај местото Ласкарци, кога автобус што сообраќал на релација Скопје-Гостивар излетал од патот и се превртел, паѓајќи на покривот.

Филипче соопшти дека 7 од починатите патници во автобусот на компанијата „Дурмо“ починале на лице место, додека другите шестмина починале на скопските клиники. Тој посочи и дека состојбата на четири лица е многу критична и се во животозагрозувачка состојба.

Меѓу загинатите има и млади лица на возраст меѓу 25-30 години чиј идентитет се уште не е познат, а мобилизирани се сите расположиви сили на медицинските центри во Скопје кои непрекинато се посветени на борба за животите на луѓето во критична состојба, како и мониторинг и нега на повредените патници кои се во стабилна состојба. Меѓу повредените има и бремена жена, која според Филипче е во добра здравствена состојба.

Во врска со шпекулациите дека на трагедијата и претходел срцев удар кај шоферот на автобусот, Филипче соопшти дека полицијата разговарала со шоферот и упати прашањата да се постават до МВР.

Ваква сообраќајна несреќа со трагични последици е незапаметена во поновата историја на Македонија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com