Во кои држави пензионерите живеат најсреќно

0

 

Во рамките на ова истражување, експертите ги споредуваат пензиските системи во различни земји во светот, нагласувајќи ги предностите на секој систем. Подолу имаме 5 држави во светот, каде што постарите луѓе имаат најсреќен и најисполнет живот.

  1. Шведска

Поени – 72,5

Пензионерите во Шведска имаат многу предности. Доколку примаат ниска кумулативна пензија или воопшто не добиваат пензија од државниот буџет, посебно им се исплаќа т.н. “загарантирана пензија”. Таа е назначена само за луѓе постари од 65 години и за пензионери кои живеат најмалку три години во Шведска.

  1. Австралија

Поени – 72,6

Во оваа магична држава, бенефиции имаат не само жителите од Австралија, туку и сите доселеници кои доаѓаат од европските земји. Покрај тоа, пензионерите во Австралија добиваат различни видови субвенции и високи попусти за купување лекови.

  1. Финска

Поени – 74,5

Финска е земја со традиционално висок стандард на живеење и социјална благосостојба. Исто така, оваа скандинавска држава е препознатлива по тоа што, постарата генерација на луѓе живеат многу убав живот. По пензионирањето, Финците добиваат многу слободно време, бројни придобивки и секој месец од државата им се испраќа буџет од речиси  58% од нивните плати.

  1. Данска

Поени – 80,2

Големината на пензиските фондови во Данска е една од највисоките во светот.  Тоа покажува дека политиката во државата е многу развиена, која особено, се манифестира во присуство на голем државен пензиски фонд АПР.

  1. Холандија

Поени – 80,3

Возраста за пензионирање во Холандија е 65,75. Уште од пред многу години, во Холандија е формиран пензиски систем со три нивоа и со децении тој успешно функционира – државна пензија, која е основна и ја има секој и професионална пензија, која е од дополнителен и индивидуален доход.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com