Во Египет жените повеќе нема да носат хиџаб?

0

Хеда Агами, една од пратеничките во Египет и предложи на власта воведување нов закон – кој забранува носење хиџаб на јавни места. За тие што не знаат, хиџаб е црна шамија која го покрива лицето и најчесто ја носат жените од муслиманската вероисповед. Агами изјави дека, носењето хиџаб го менува националниот идентитет на Египет и предизвикува многу проблеми во државата.
За прво прекршување на забраната за покривање на лице,се воведува парична казна од 56 американски долари, а за повторените прекршоци износот двојно се зголемува.
Член на Националниот совет, Нашва ал-Хуфи, ја поддржа пратеничката Агами. Во едно интервју, таа изјави – „Секој што сака да носи хиџаб, нека си седи дома и не изглегува надвор”.
Во Египет, хиџаб не е традиционална облека. Таа беше воведена дури во 2012 година, по победата на Муслиманското братство во борба за власт. По нивното соборување, најчесто странци од Ирак и земјите од Персискиот залив носат хиџаб.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com