Во Битола одбележан денот на примирјето на Француските и Германските воени гробишта

0

 

Денес на Денот на примирјето, 11 ноември 1918  година, од Првата светска војна  и Денот на народна жалост, амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија на Француските и Германските воени гробишта во Битола одржаа заедничка комеморација.

На тој начин се потсетија и го одржаа споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи, со посебен акцент на Битола која е прогласена за град херој и на примирјето за крај на Првата светска војна потпишано на 11 ноември 1918 година.

На свеченостите покрај амбасодорите на Германија и Франција во Македонија присуствуваше и градоналалничката на Битола – Наташа Петровска, на Новаци – Љубе Кузмановски и претстаници на државната и локалната власт како и на дипломатскиот кор и на здруженијата на борци од Франција и  Македонија.

Францускиот амбасадор Тимоние на Француските гробишта прочита писмо од претседателот на Франција, Макрон, за значењето на овој ден, а средношколци од Горната Гимназија и своите врсници од Франција потсетија на страдањата на народор во Македонија, а посебно на битолчани за време на Првата светска војна и го осудија бомбардирањето во боеви отрови при што страдаат голем број на жители на тогашна Битола, која беше до темел разрушена.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com