Во Белград пиштолите не замолкнуваат

0

Синоќа во едно белградско кафуле е убиен Влада Поповиќ, соработник на Лука Бојовиќ. Според белградските медиуми, маскираните убијци упаднале во кафулето на Звездара и почнале да пукаат од пиштол од марката „Хеклер и Кох“ во Поповиќ, по што побегнале со автомобил „ауди“ во непознат правец.

Сведоците раскажуваат дека првите куршуми го раниле Попивиќ, кој ранет истрчал од кафулето и тргнал кон напаѓачите. Едниот успеал дури и да го собори, но кога тргнал кон вториот, тогаш атентаторот се свртел и испукал нов рафал кон Поповиќ и смртно го застрелал.

Покрај убиениот, настрадало и 23-годишно момче, кое е рането.

Поповиќ бил градежен инвеститор и сопственик на една од најпознтите белградски коцкарници, „Хавана“ во хотелот „Славија“. Зад себе остави четири деца.

Според медиумите, тој во полициските списи се води како соработник на Лука Бојовиќ, Филип Кораќ и шкаљарскиот клан, заедно со Воислав Костиќ. Поповиќ и Костиќ се на листата сведоци во случајот со убиството н адвокатот Миша Огњеновиќ.

Медиумите во Србија потсетуваат дека ова е 38 убиство во земјата откако во октомври 2016 година државата и објави војна на мафијата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com