Во бегството на Груевски се замешани албанскиот претседател и бизнисмен со бизниси во Македонија?!

0

 

Бегалецот Никола Груевски и натаму се наоѓа на територија на Унгарија. Министерството за внатрешни работи за Телма потврди дека засега официјално екс премиерот не се упатил кон друга држава и дека од унгарските власти ќе чека политички азил. Засега нема нови официјални детали од МВР за начинот на кој осудениот Груевски побегнал од државата, како ја преминал границата со Албанија и кој се учествувал во организација и спроведување на бегството.

„Според сознанијата со кои располагаме и разговорот со МВР на Унгарија,  Груевски се наоѓа во Унгарија каде ја чека одлуката на властите за неговото барање за азил“, одговорија од МВР.

Регионалните медиуми излегоа со голем број шпекулации за рутата на Груевски како и за наводни намери тој да продолжи со своето бегство во Турција или Русија за да ги зголеми своите шанси за избегнување на екстрадиција. МВР се уште води истрага, додека пак албанските медиуми од свои извори тврдат дека Груевски пристигнал преку преминот Блато преку Дебар.

Весникот „Дита“ информира дека дека Груевски со сигурни негови луѓе влегол на албанска територија. Потоа, Груевски во придружба на свои луѓе бил во Тирана, а потоа со возило на унгарската амбасада заминал во Црна Гора.

Весникот „Дита“ наведува дека самиот факт што Груевски немал проблеми на излезот од Албанија на преминот Хани и Хотит, и покрај тоа што влегол нелегално во земјата, а излегол со лична карта, доволно говори дека минувањето преку Албанија е реализирано со влијателни и сигурни негови луѓе.

Дел од албанските медиуми информираат дека можна замешаност во ова може да има и албанскиот претседател, Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com