Во американска шума се појави нов вид шишарка

0

Дизајнерите од американското студио „02 Трихаус“ создадоа необична дрвена куќа. Изградбата, направена од челик и дрво, тежи 5 тони и се наоѓа на височина од околу 15 метри над земјата.

Куќата изгледа како огромна шишарка, во која што има само една соба со брачен кревет. Градбата има многу акрилни прозорци и од кои се отвора импресивен шумски пејзаж. Во куќата нема бања, а во случај да е потребно да се користи, станарите треба да одат долу во посебна куќа каде што се наоѓа бања, тоалет и мијалник.

Порано куќата можеше да се резервира на „Ербиенби“(Airbnb), но сега џиновската шишарка беше ставена на продажба – тие бараат околу 150.000 долари за неа. Дополнително се плаќаат и режиски трошоци.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com