Востановена регионална музичка награда во чест на Милан Младеновиќ

0

Годинава за првпат ќе почен да се доделува нова регионална награда која има за цел да го слави уметничкото творештво. Насловена е по Милан Младеновиќ, фронтмен и основач на култниот бенд „Екатерина Велика“.

„Наградата ќе се доделува за музичко дело со извонредна уметничка вредност и секоја година на роденденот на Милан Младеновиќ на 21 септември ќе се одбира по еден победник. Право да влезат во конкурсот имаат сите музички дела издадени на територијата на бившата југословенска земја во период од 30 јуни минатата година до 30 јуни тековната година“, соопштуваат од новоформираната фондација „Милан Младеновиќ“ од Белград.

Младеновиќ е роден во Загреб 1958 година, а почина во Белград во 1994 година. Кон крајот на 1981 година тој ја формираше „Катерина II“, која подоцна го промени името во „Екатерина Велика“. Младеновиќ беше автор на повеќето текстови од тој состав. Во бендот, од самиот почеток до крајот, покрај него постојани членови беа и Бојан Печар и Маргита Стефановиќ – Маги.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com