Воз повредил гледачи во Индонезија

0

 

Сведоци снимија видео од трагедијата, која што се случи во петокот во Сурабаја, град кој се наоѓа на островот Јава во Индонезија.

Голем број гледачи во петокот вечер во градот Сурабаја, се собраа за да гледаат историска претстава. Некои од гледачите, одлучиле дека железничкиот мост што се наоѓал во близина на претставата, може да го искористат како импровизирана трибина и од таму да ја гледаат претставата.

После некое време, низ шините поминал воз, кој ги бутнал повеќето луѓе на мостот, а само неколку од нив успеале да ја избегнат „средбата“ со него.

Според локалните медиуми, непосредно пред несреќниот случај, организаторите и полициските службеници ги предупредиле гледачите, дека не е безбедно да се качуваат на мостот, но за жал, тоа нив не ги спречило.

Како резултат на инцидентот, тројца гледачи загинаа, а повеќе од дваесетина се здобија со повреди од различна тежина.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com