Возачот на Панделевски, кој се обидел да изнуди 150.000 евра, заработи кривична пријава

0

Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 32-годишен скопјанец со иницијали Т.П. поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „изнуда“ предвидено и казниво по член 258, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопштија од МВР, се работи за поранешниот личен возач на сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделевски, кој со закани се обидел да изнуди пари од сопругата на бизнисменот. Како што се наведува, тој во текот на минатиот месец ѝ се јавил преку телефон и посочил дека поседува документи што се од интерес на сопругот, кои доколку истата сака да ги добие ќе треба да исплати сума од 150.000 евра.

Притоа, Т.П. упатил сериозни закани по животот на оштетената и нејзиното семејство доколку каже некому. По добивање на пријавата, од страна на полициски службеници од единицата за насилен криминал при СВР Скопје се преземни мерки и активности за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Врз основа на добиена наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, извршени се претреси на две локации во Скопје каде што пријавениот престојувал, велат од полицијата и додаваат дека во текот на вчерашниот ден лицето е приведено во полициска станица.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com