Возачите во Монте Карло ќе му оддадат почит на легендарниот Ники Лауда

0

Трикратниот Ф1 шампион Ники Лауда пред помалку од една недела почина на 70-годишна возраст.

Неговата приказна засекогаш ќе остане запаметена во главите на најголемите Формула 1 фанови. Австрискиот возач освои три шампионски титули и беше еден од амбасадорите на овој спорт во целиот свет.

Во последните неколку години кога и да се појавеше на трките, носеше црвена капа. Поради тоа сите возачи, шефови на тимови и сите останати членови на екипите во Монако овој викенд ќе му оддадат почит со црвена капа на своите глави.

Светската автомобилистичка федерација ги повика и сите фанови да го направат тоа за да му испратат последен поздрав на големиот Лауда.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com