Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Водич низ седумте најинтересни европски винарии

0

„Денот без вино е како ден без сонце“, мантра што им се припишува на Французите, но без сомнеж веруваме дека ќе го освои целиот Медитеран. Виното како митски пијалок со векови е интегрален дел од бројните цивилизации и е постојана инспирација за уметниците, па затоа не е ни чудо што многу од архитектонските ѕвезди ја видоа својата шанса за популаризација преку оваа земјоделска култура.

Нивните атрактивни објекти насекаде низ светот, со почит кон околината што ја „напаѓаат“, ја зголемуваат вредноста на етикетите, но исто така им оставаат печат на идентитетот на винарите кои ги ангажираат.

Да започнеме со Бордо, францускиот пристанишен град, кој отсекогаш бил најпосакуван за оние кои уживаат во одлични црни вина. Еве ги познатите винарници и импресивните лозја во областа, вклучително и “La Cité du Vin”, светски вински музеј. Овој 55 метри висок “НЛО”, кој дава впечаток дека се спушта на бреговите на реката Гарон, е дело на париското студио “XTU” и англиските експерти за  дизајн за музејот „Casson Mann“.

Музејот е поделен на 20 тематски зони, каде што можете да научите сè за историјата на одгледувањето на вино, најпознатите сорти и неговото влијание врз уметноста.

Пред да се упатите на обиколка на околината, насадите и дворците во Медок и Сент- Емилион, на мала оддалеченост од центарот на Бордо се наоѓа “Chateau les Carmes Haut-Brion”, за која дизајнерот Филип Старк и архитектот Лук Арсен Анри смислија нова современа винска визба на четири спрата. Челичната конструкција која авторите ја опишуваат како „оштрицата на нож забодена во земја“ го опкружува вештачкото  езеро за да обезбедат идеални услови за неговата основна функција – чување вина.

Околу гратчето Лангелоис, Фред Лојмер, еден од најпознатите австриски винари, исто така, има свои лозја. Неговиот врвен ризлинг, експертите го опишуваат како резултат на иновативни методи поттикнати од традиционализмот, а така и изгледа минималистичката винарија изградена на врвот на стариот подрум од 19 век. По дипломирањето во Калифорнија, Фред презеде семеен бизнис во 1997 година, а црната коцка во природата, како симбол на современата елеганција е идеално прилагодена на неговата желба да произведува исклучително еколошко вино.

Архитектонската суперѕвезда Френк Гери со изградбата на музејот “Guggenheim”  го предизвикал „ефектот Билбао“ во овој баскиски град, а барем мал дел од стотиците илјадници туристи кои ја посетиле оваа зграда продолжиле да патуваат во соседниот регион Ла Риоха, каде што се наоѓа уште едно негово ремек-дело. Најпознатата шпанска етикета, “Marques de Riscal”, нарача нов проект за винарија, која исто така е луксузен хотел со 40 соби, спа центар и амбициозен ресторан. Оваа извонредна зграда со заоблена и кровна конструкција, чија боја асоцира на винова лоза, е изработена од титаниум. Хотелот е поврзан со подрумот со стаклен коридор.

Краткото патување низ европските винарии ќе го завршиме во Италија, земја од која може да се научи толку многу за трансформирање на својата традиција во интересен туристички производ кој носи сериозни пари. Пиемонт е еден од нивните најпознати вински региони, каде што семејството Ceretto вешто ги комбинира уметноста и производството на овој пијалок.

Тие имаат неколку винарски визби, но за оваа пригода ќе го спомнеме само „Monsordo Bernardina“ во Алби, каде што најмногу внимание се посветува на изолираниот павилјон “The Grape” односно видиковецот од каде што гледа на скалестите насади на лозја. Проектот на транспарентен објект беше завршен во 2009 година, а неговата мисија е да го рефлектира духот на семејството Ceretto, кои според нив балансира меѓу традицијата и иновациите.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com