Внук ја ограбил сопствената баба, а негов другар ја истепал откако ги фатила

0

Против 23-годишник е поднесено обвинение за разбојничка кражба откако ја ограбил својата баба, од која зел над 1.000 евра. Според обвинението поднесено од велешкото јавно обвинителствот 23-годишникот го извршил делото заедно со негов другар, кој чувал стража.

„Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на 09.11.2018 година околу 07.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во куќата на бабата на обвинетиот. Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не забележи што се случува. Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира. По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари ги поделиле меѓусебно“, соопштија од Обвинителство.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com