Влажниот и тежок снег искрши многу дрвја насекаде низ Битола

0

 

Обилните врнежи од снег донесоа снежна покривка во Битола од десетина сантиметри, а поради тежината на снегот искршени се дрвја насекаде низ градот. Старите гранки кои не ја издржаа тежината на снегот и оние дрвја кои поради топлото време имаа доста лисја, јавува Bitolanews.

Искршени дрвја има насекаде, низ парковите, по тротоарите, низ населбите, дворовите… а има оштетено и неколку возила над кои паднале потешки и поголеми гранки.

Граѓаните реагираа и на искривени бандери, паднати жици, вода по улиците, а дел од околните села немаа електрична енергија.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com