Висок пораз на Македонија во Ереван

0

Убедлив пораз кај Ерменија во Ереван со 4:0 во рамките на четвртото коло од групата „4“ во Лигата „Д“ од Лигата на нации доживеа македонската фудбалска репрезентација.
Вечерта ја одбележаа катастрофалните одбрани на нашиот голман Столе Димитриевски кој едноставно немаше свој ден. Првиот, третиот па и четрвтиот гол паднаа како резултат на неговата деконцентрација, а од друга страна неговите соиграчи едноставно не успеваа да ја пробијт цврстата и на моменти многу груба домашна одбрана.
Стрелци за Ерменија беа Маркос Пицели во 12, Јура Мовсисјан во 67, Геворг Газарјан во 81 и Хенрик Мхитарјан во 90 минута од натпреварот.
На две кола до крајот на оваа фаза, Македонија останува лидер во својата група со 9 бода, три повеќе од Ерменија, односно по шест бода предност во однос на Лихтенштајн и Гибралтар кои имаат меч помалку.
Следен предизвик за нашите сениори е гостувањето кај Лихтенштајн во петтото коло предвидено на 16 ноември, за оваа фаза да се комплетира со дуелот против Гибралтар три дена подоцна.

blob:https://www.dailymotion.com/5498f7fd-5dff-41f8-91c6-6dcb4d29ba26

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com