Викторија Бекам збеснала кога слушнала дека син ѝ е во врска со Рита Ора

0

Пејачката Рита Ора и Бруклин Бекам имале кратка афера која многу ја налутило неговата мајка Викторија Бекам. Рита има 28 години, а најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам само 19 години. Наводно, флертувале на некој настан и потоа неколкупати се виделе, но романсата во зачеток ја „пресекла“ Викторија.

– Викторија беше ужасната, и се плашеше дека Рита како постара и „попроблематична“ ќе има лошо влијание на нејзиниот син, па целата работа ја сосече во корен – рекол извор близок на семејството Бекам.

Родителите му забраниле да се гледа со Рита и го вратиле назад во Њујорк. Двојката често разменувала и пораки во кои флертувале.

– Викторија виде неколку пораки кои ги размениле. Не сакаше нејзиниот син да биде под лошо влијание и да излегува со Рита – открил извор, кој додал дека со ова се согласил таткото Дејвид кој јасно му рекол на синот дека не ја одобрува врската со Рита и дека не сака да бидат заедно.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com