Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Викендов ќе се одржи „Златна рамка“, ревија на македонски филмови снимени лани

0

Викендов, од 22 до 24 февруари, во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи „Златна рамка“, ревија на македонски филмови кои се снимени во минатата календарска година. На ревијата, која првпат се одржува ќе се прикажуваат 25 македонски филма од краткометражната, документарната, долгометражната и анимираната продукција од 2018 година.

На ревијата ќе бидат прикажани два долгометражни филма и тоа „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдили (петок во 21 часот) и „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски (недела, 21 часот).

„Златна рамка“, се одржува иницијатива и во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), која ќе претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во изминатата календарска година.

„Златна рамка” се создаде поради фактот што најголем број на домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја програма, вели Ана Василевска, уметнички координатор на „Златна рамка“.

Во делот на работната програма на „Златна рамка“ е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, како и тркалезна маса на тема: „Нема кинематографија без филмска критика”.

Мотото на ревијата е „Влези во наш филм“. За време на одржување на ревијата ДФРМ ќе додели почесни награди за филмските професионалци- за најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник. Ревијата „Златна рамка“ не е од комерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com