Вечерва со “Синтезис“ започнува Фестивал на музика од светот

0

Од денеска до недела, во Битола ќе се одржи јубилејното издание на интернационалниот Фестивал на музика од светот чиј организатор е Центарот за култура Битола.

Фестивалот ќе го отвори македонската музичка етно група Синтезис“, основана во 1995 година со цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музички фолклор. Одговорна задача која оваа прекрасна дружина ја исполнува веќе една деценија и за која знае и Европа и светот.

Публиката ќе може да види и еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата Фламенко Екос од Куба. Оваа група е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста.

Во изминатите девет години на оваа најпосетена музичка манифестации во градот во текот на годината, досега настапиле Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез, Исмаил Лумановски и други.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com