Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

ВЕТУВАЊА КОИ МОРАТЕ ДА СИ ГИ ДАДЕТЕ

0

Цел живот учиме колку е важно да го одржиме ветувањето што сме му го дале некому, но што е со ветувањата кои си ги даваме самите на себе?

1.Ќе го слушам своето тело и ум, кога чувствувам дека сум под стрес

Ако Ве боли, под стрес сте или чувствувате замор повеќе од обично. Тоа телото Ви зборува дека мора да се одморите. Со одмарање можете да ги спречите кардиоваскуларните болести и другите здравсвени проблеми. Само требате малку да здивнете.

Кога ќе почувствувате дека сте под стрес, дозволете си 20 минути медитација, некои телесни вежби или само поразговарајте со пријателката. Многу брзо ќе почувствувате позитивн промени, а можете да забележите како благодарение на  оваа здрава навика, Ви се менува секојдневниот живот.

2.Ќе се смеам секој ден

Личноста која се смее се чувствува подобро и е со поголема самодоверба. Насмевката во исто време ја зголемува енергијата и го намалува стресот. Истражувањата покажале дека дури и лажното смеење е подобро отколку воопшто да не се смеете. Кога имате насмевка на лицето секој ден, ќе ги подобрите односите со луѓето. А и ќе Ви ги зголеми шансите во секоја ситуација да најдете нешто позитивно.

3.Минатотот ќе го оставам зад себе, а лекцијата секогаш ќе ја паметам

Да се сетите на минатото не значи дека минатото секогаш можете да го носите со себе. Меѓутоа, лекциите што сте ги научиле од минатите искуства, секогаш морате да ги памтите. Секоја запаметена лекција, Ви помага да создадете иднина каква што навистина сакате.

4.Секогаш ќе живеам живот каков што сакам да живеам

Многу луѓе често подлегнуваат на тоа да живеат онака како што други им наметнуваат и никогаш не ја бараат сопствената среќа. Важно е да се запамети дека среќата е невозможно да се најде, ако постојано сакаме да им угодиме на сите и ако живееме онака како што другите од нас ќе очекуваат.

Живејте го животот онака како што сакате. Имате право на тоа да ги задоволите желбите на својата душа.

5.Запаметете дека пријателствата, љубовните врски и односите од друг вид не мора вечно да траат

Луѓето ќе дојдат и ќе си заминат од Вашиот живот. Кога ќе помислите дека сте ја запознале најдобрата пријателка, совршениот деловен партнер, љубовта на Вашиот живот, можеби ќе се разочарате. Ако останете без драгата личност, едноставно пуштете ја и запаметете дека односите не траат вечно. Се што почнува, мора еднаш и да заврши.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com