Велосипедистите макар на кусо загосподарија со скопските улици

0

 

Сончевиот неделен ден се покажа како совршен за над 1.700 луѓе кои излегоа со своите велосипеди да учествуваат во караванот „Скопје на точак“.

Оваа манифестација се одржа под покровителство на Град Скопје, а беше организиран од страна на Сојуз на спортови на Скопје. Слободно може да се каже дека целата атмосфера беше исполнета со позитивна енергија.

Сите кои денес со своите точаци возеа низ Скопје покажаа дека здравиот начин на живеење е многу важен приоритет за нив. Тие ја пренесоа и пораката дека заштита на животната средина потекнува од сите кои живеат во градот. Исто како во минатото, кога во Скопје секој втор граѓанин имал велосипед, така и сега учесниците покажаа дека со точаци може да се оди на работа, на школо, на факултет, дома и други места.

Организаторите, Сојуз на спортови на Скопје, се надеваат дека настаните од ваков тип ќе се надградуваат константно и дека сѐ поголем број на луѓе ќе користат велосипеди.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com