ВЕЛИГДЕНСКИ РУЧЕК

0

ЈАГНЕШКИ ЦРЕВЦА ВО СОС

Потребен материјал:1 кг.јагнешки цревца,4-5 моркови,китка магдонос,китка целер, пашканат,1 кесичка црн пипер во зрна,неколку листови лорбер,три лажици брашно,две главици кромид,1 главица лук,црвен пипер и сол.

Начин на приготвување:Јагнешките цревца добро се мијат и се плетат.Се варат заедно со магдоносот, целерот,пашканатот,,морковите,лорберот,кромидот и лукот.Кога цревцата ќе бидат варени се ставаат во земјена тава.Останатиот материјал кој се варел со цревцата се пасира низ цедалка, се додаваат три лажици брашно помешани со дел од водата во која се вареле.Се става на 200 степени да се потпечат, додека не поруменат.

ЕЛБАСАН ТАВА

Потребен материјал: 1 кг.јагнешко месо од бут,сол, црн пипер,црвен пипер,5 јајца,две канчиња овчо кисело млеко,магдонос, вегета. Начин на приготвување:Јагнешкото месо исечете го на помали парчиња и ставете му вегета,црн пипер,црвен пипер и сол.Потоа залијте го со со малку вода и варетеб го на умерена температура се додека месото не омекне.

Посебно измешјте ги јајцата со киселото млеко, и прелијте го месото во земјана тава. Одозгора ставете исечкан магдонос.

ЈАГНЕШКИ БУТ СО ЗАЧИНИ

Потребен материјал:Еден јагнешки бут,лук,црн пипер,една лажица изрендана кора од еден лимон,три лажици сенф,1 дл масло,сол, 1 главица кромид,1 лажица вегета,2 листа лорбер,едно гранче рузмарин,2 дл црно вино и половина павлака.

Начин на приготвување:Јагнешкиот бут се засекува од надв орешната страна на неколку места. Истолчениот лук се толчи и му се додава црниот пипер.На тоа се додава кората од лимон,сол, сенф,2 лажици вода и1 лажица вегета,па се добро се меша.Со оваа смеса премачкајте го јагнешкиот бут и оставете го да отстои 12 часа.Во добро загреана тепсија, ставете масло малку да се загрее.Месото ставете го на жешко масло и запечето го од сите страни.Понатаму печете го на 200 степени.Во меѓувреме, кромидот и остатокот од лукот, и ситно исечкајте го,па со лорберот и рузмаринот ставете го во сокот од печењето.Прелијте го со половина количина од виното и оставете го да се пече. Со ова јадење може да се послужите варен ориз и салата по желба.

ТОРТА ‘‘ЛИЛЕ‘‘

Потребен материјал:13 јајца,20 лажици мелени ореви,5 лажици плазма кекс мелен,10 лажици жеќер,200 грама чоколадо,250 грама шеќер во прав,250 грама путер,ХОПЛА 300 грама. Начин на приготвување:Тесто-10 јајца се матат со 10 лажици шеќер.Кога убаво ќе се изматат, се додаваат 20 лжици мелени ореви,5 лажици мелена плазма и 50 грама изрендано чоколадо.Смесата се пече во плех од рерна на 200 степени и кога ќе биде испечена се дели на 3 дела.

ФИЛ-3 јајца убаво се матат,се додаваат 150 грама рендано чоколадо.Одделно се мати путерот  со шеќерот во прав и се соединуваат двете смеси. Изматената ХОПЛА се додава и се соединува филот.Филот се дели на три дела, а одозгорасе украсува по желба.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com