„Вевчански видувања 2018“ пред скопската публика

0

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, во соработка со компанијата „ВИА“, вечерва (17 декември), во НЛБ Галерија во Скопје, ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2018“.

„Мозаик од бои“ е насловот на каталогот на македонски и англиски јазик, што оваа колонија го изготвува традиционално пред изложбата во Скопје и ќе можете да се види токму на отворањето на изложбата. Каталогот содржи воведно обраќање на организаторот, слики од делата кои беа насликани за време на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2018“, како и информации за самите уметници.

Инспирацијата за творење во Вевчани и оформување на своите врвни уметнички дела таму, ја најдоа уметниците: Ацо Станкоски, Ефтим Ристов, Никола Пијанманов, Ставре Димитров Стадим, Ниче Василев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Живко Попоски Цветин, Дамјан Затуроски, Цветанка Јованова и Петар Попчев од Република Македонија, како и уметниците Драгана Кнежевиќ (Србија), Светислав Савковиќ (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Герард Гален (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Јенс Линдвквист (Шведска), Осијан Теселиус (Шведска), Маркус Јохансон (Шведска), Петар Белишки (Бугарија) и Јуре Самец (Словенија).

Веќе деветта година, на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација учествувале над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија до сега беа изложувани во светски уметнички центри како во Подгорица- Црна Гора, Софија- Бугарија, Њујорк- САД, Москва- Русија и Париз- Франција.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com