Вардар исфрлен од Европа на две години

0

УЕФА нема милост кога станува збор за финансискиот фер-плеј. Особено нема милост за малите и сиромашните. Така, никого не треба да зачудува веста од Нион дека македонскиот фудбалски бренд Вардар е исфрлен од Европа на две години!

Оваа одлука стапува на сила веднаш, но всушност е условна, бидејќи Вардар доби рок да ги достави потребните финансиски книги и исплата на заостанатите долгови кон актуелните и поранешните играчи. Во тој случај на Вардар ќе му биде биде овозможено да игра во еврокуповите, доколку таму се квалификува. Вардар доби рок до 31. јануари да ги заврши сите обврски, а покрај ова, „Црвено црните“ ќе мора да платат и казна од 100.000 евра!

Вардар веќе со месеци е во доста тешка ситуација, главниот финансиер, Сергеј Самсоненко, одамна најави дека ќе го напушти клубот, а играчите не добиваат плата, па големо прашање е дали најтрофејниот македонски фудбалски колектив ќе успее да се извлече од сето ова.

Покрај Вардар, со иста казна се соочи и Левски од Софија, а Спортинг Лисабон, од друга страна, доби казна од само 50.000 евра, без исфрлање, односно условно исфрлање од Европа…

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com