Бушар од Мајами и одговори на Цибулкова

0

Канадската тенисерка Евгени Бушар се натпреварува и надвор од тениските терени со својата словачка колешка Доминика Цибулкова. Имено тие речиси секојдневно лиферуваат нови и провокативни фотографии од својот одмор во различни егзотични дестинации во обид да го привлечат вниманието.

Бушар, моментално е на 88. позиција на ВТА листата, но секако е на врвот меѓу тенисерките кои често се наоѓаат на насловните страници на светските магазини.

Главна причина е нејзиното атрактивно тело, кое 24-годишната тенисерка не го крие и ја користи секоја ситуација со него да го привлече вниманието на јавноста. Моментално таа е на заслужен одмор со своите најблиски во Мајами, по долгата сезона во која не се изнаигра поради честите повреди.

Папараците не пропуштија да ја посетат и да ги објават нејзините облини истакнати во секси црвено бикини.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com