Бугарска компанија сака да влезе на македонскиот медиумски пазар

0

Бугарската фирма која што на нашите простори е позната по организирањето на шоуто “Идол” сака да отвара национално радио во Македонија.

На новиот конкурс за национална радиостаница – ГОВОРНО – МУЗИЧКО РАДИО ОД СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ФОРМАТ КАЈ КОЕ ДОМИНАНТНИОТ ВИД НА ПРОГРАМА ИМА ЗАБАВНА ФУНКЦИЈА на албански и македонски јазик, меѓу пријавените фирми е и бугарската компанија “Междустаница 18” која е носител на лиценцата за “Идол” и го организира ова шоу на приватната телевизија БТВ.

Междустаница 18” е фирма за филм, маркетинг продукција, но без никакво искуство со радио и телевизиско работење.

Управители се познатиот водителски пар Иван и Андреј, а партнер од Македонија е Дарко Манасијески, вработен во Иноватива Скопје, агенција за маркетинг, сопственост на Сања Николиќ, поранешна водителка на ИДОЛ и сопруга на пејачот Марко Маринковиќ – Слаткар.

Бугарската компанија не е непозната на медиумските кругови.

Во спрега со македонски партнери „во сенка“ се организираше турнеја позната под слоганот „Една љубов”. Целта на овој проект беше преку заеднички концерти и заеднички проекти зближување на двата народа, македонскиот и бугарскиот.

Се поставува прашањето – Која е сега целта на оваа компанија за нејзиниот обид за влез на кревкиот македонски медиумски пазар – зближување на бизнис интересите и капиталот или во прашање е нешто друго?

Целиот текст на ММС

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com