Британската икона во лоша состојба

0

 

Црвените телефонски кабини се синоним на Лондон. Тие првпат се појавија во 1920-ите години, давајќи им на сиромашните лондончани пристап до телефон. Нивната употреба опадна со растот на мобилните телефони.

Денес, голем број од кабините се во многу лоша состојба, но група на лондончани решиле да ги средат.

-Само затоа што црвените кабини се британска икона, да изгледаат неуредно на сликите кои се шират низ целиот свет од туристи… Не ми се допаѓа таа идеја. Па си реков, зошто да не ги исчистиме? Тоа е само учтиво. Гледајќи ги во комплетно лоша состојба е исто како да гледате постар роднина кој страда – рече Емили Клифтон, општествен активист и писател.

-Сакаме да и помогнеме на Емили, бидејќи сметаме дека е достојна причина и сме лојални пријатели. Навистина изгледаат убаво кога се чисти – рече Хана Хендерсон, волонтер.

Емили и другите волонтери ги чистат телефонските кабини за туристите, но нивните напори можеби не се доволни за да ги спасат.

Нови телефони поврзани со „Вај-Фај“ се поставени по улиците на Лондон. Тие се лесно пристапни и бесплатни за употреба.

Некои од старите телефонски кабини се на продажба, или се понудени на локални заедници за нивна употреба за друга намена.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com