Босанец славел раѓање на дете, а непознат маж го убил татко му

0

Во Салцбург е убиен бил 46-годишниот Самир Халкиќ а лесно повреден неговиот 24-годишен син Џенис Халкиќ. На пукањето му претходела прослава во едно кафуле по повод раѓањето на второто дете на Џенис.

Еден од гостите на кафулето, инаку локален жител кој не бил гостин на прославата, почнал во еден момент да ги навредува членовите на семејството Халкиќ, па пред локалот извадил пиштол и почнал да пука.

Насилникот прво му удрил шлаканица на Џенис. Овој, за да ги реши несогласувањата со човекот со кој таа вечер првпат се видел, го повикал татко му Самир и заедно излегле пред локалот.

Потоа напаѓачот, за кој сведоците рекле дека е Албанец, извадил оружје и почнал да пука кон Халкиќ.

Еден куршум го погодил Самир во нога, а еден во срце, што за него било кобно бидејќи истиот момент се срушил на земја и починал. Еден куршум ја погодил ногата и на Џенис, но момчето било пренесено во најблиската болница и неговата состојба е стабилна и тој не е во животна опасност.

Напаѓачот потоа избегал во непознат правец и полицијата од вторникот интензивно трага по него.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com