Бомба фрлена во Драчево – уништени автомобили и прозорци од куќа

0

Денеска, рано изутрина околу  04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на дваесет и пет годишниот Н.И.  експлодирала бомба кашикара.

Во СВР Скопје било пријавено дека бомбата експлодирала на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И., откако непознато лице фрлило експлозивна направа. При силната експлозија биле оштетени патнички возила „Ауди“, „Рено Клио“ и „Голф 3“, а исто така биле оштетени и прозорци од куќата на Н.И. За сега не е познато лицето кое ја фрлило бомбата, но ни причината поради која го сторил тоа. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што пренесува КУРИР, читател до нивната редакција испратил порака во која се вели дека по немилиот настан жителите биле потресени.

-Бомба кашикара беше фрлена утрово околу 4 часот во Драчево. Сите во околината се потресени и има оштени возила и шрапнели по цели куќи. Уште колку бомби кашикари треба да очекуваме оваа година, почнавме да живееме во страв – вели читател за Курир.

Инаку ова не е прв случај за поставување на бомба во скопската населба Драчево. Пред неколку години анонимен граѓанин пријави дека е поставена експлозивна направа во Драчево, во објектот до Стопанска банка на улицата Жарко Зрењанин.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com