„Бомбашот“ од Собранието меѓу загинатите кај Драчево

0

Скопјани вчера се простуваа од петмина свои сограѓани, кои загинаа во стравотната сообраќајна несреќа што се случи во вторникот пред полноќ во близина на Драчево. Блиските ги оплакуваа починатите, пет семејства се завија во црно, деца останаа без родители. Неодговорено ќе остане прашањето што се случувало кобните моменти кога автомобилот во кој се превезувале премина на спротивната страна и се заби во камион полн со отпад.

За возачот на „реното“, Јованче Лазаревски-Шиљо (43), мал дел од јавноста знае дека пред две години учествувал во инцидентите во Собранието на 27 април. Тогаш, полицијата го приведе поради сомневање дека кобната вечер во парламентот оставил импровизирана експлозивна направа од плинска боца поврзана со петарда. Полицијата и обвинителството го товареа за предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, за што му беше одреден притвор.

Целиот текст во Независен.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com