Боби Павловски отвора ново поглавје

0

Денес, точно напладне на Гранд телевизија се случи промоцијата на новата песна на Боби Павловски. „Метар дана“ е насловот на композицијата, која всушност значи ново поглавје во неговата досегашна музичка кариера. Песната е снимена на српски јазик, што за многумина можеби е изненадување, и излегува во исто време со видеозапис.

-„Метар дана“ е песна која решив да ја снимам без многу размислување, веднаш штом го слушнав демото. Нејзини автори се Сале од Тропико бенд и Драган Брајовиќ – Браја, кои навистина маестрално си ја завршија својата работа. Со Сале се познавам одамна и некако до оваа наша соработка дојде сосема спонтано, а договорот падна на една од нашите седенки. Навистина сум задоволен од сработеното и искрено верувам дека и впечатокот и реакциите на сите оние кои ќе ја слушнат ќе бидат ако не исти, барем слични како и моите, вели Павловски.

Интересно е дека оваа песна всушност и значи само почеток на една убава и долгорочна соработка, која наскоро треба да резултира со уште една композиција, која е во завршна фаза од изработката. Освен на домашен терен сработеното ќе се промовира и во соседството, каде Боби ќе биде поприсутен во иднина со оглед на тоа дека од неодамна стана дел од јатото на Гранд продукција.

„Метар дана“ е композиција во малку побрз ритам и зад неа како автори стојат Александар Цветковиќ – Сале/музика, Драган Брајовиќ- Браја/текст и Вук Матиќ, чиј е аранжманот. Видеото, пак, е работено со одличниот Даниел Јовески. Кадрите се снимени на неколку интересни локации низ земјава.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com