Бледнее ли љубовта на Викторија Бекам како тетоважата?

0

Викторија и Дејвид Бекам долго време живеат под силното светло на рефлекторите. Папараците и љубопитните новинари го следат секој нивни чекор веќе дваесетина години, па секоја промена во нивниот живот се регистрира на огромно задоволство на публиката. Бекамови се познати по големата љубов, впрочем имаат четири деца и успешни кариери. Сепак, од пред неколку месеци се појавија гласини дека не е се идеално.

Двојката, наводно, не се согласува премногу добро, а креаторката Викторија Бекам одлучи целосно да ја избледи тетоважата посветена на нејзиниот сопруг, Дејвид.

Натписот на хебрејски: „Му припаѓам на мојот сакан, а мојот сакан ми припаѓа мене”, поранешната „Спајс грл“ порано гордо го истакнуваше на својот врат. Последната фотографија покажува дека тетоважа толку избледела што едвај се гледа.

Во 2015 година, Викторија, наводно, започнала третман за ласерско отстранување на тетоважата, па јасно е зошто од неа останале само во бледи траги.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com