Благој Веселинов е избран меѓу десетте млади актерски таленти од Европа

0

Актерот Благој Веселинов, за улогата во филмот „Исцелител“, е награден со Shooting stars award, на претстојниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин.

Тој е вброен меѓу десетте млади актерски таленти од Европа, што ќе земат учество во фестивалската програма „ Европски филмски ѕвезди“, која ќе се одржи од 8 до 11 февруари, во рамките на фeстивалот. Учесниците ќе имаат средби со продуценти, кастинг директори , режисери и филмски агенти, во обид пошироко да го афирмираат својот труд и да склучат нови договори за работа.

Досегашни македонски добитници на Shooting stars award, се Лабина Митевска и Наташа Петровиќ. Програмата за млади таленти се организира по 22 пат, а наш претставник во жирито е Теона Стругар Митевска.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com