Бијонсе пееше на свадбата на најбогатиот Индиец

0

Американската пејачка Бијонсе настапи на прослава што беше дел од раскошните свечености за најекстравагантната свадба во Индија.

Поп-ѕвездата Бијонсе (37) пееше на свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец во државата Раџастан во Индија. Бизнисменот Мукеш Амбани ја мажеше ќерка си Ишта Амбани (27) за Ананд Пирамал (33) исто така, син на милијардер од Мумбај. Богатите и влијателни гости од САД и Индија, слетале во Удаипур, во Раџастан, со 100 чартер летови, а меѓу гостите од забавниот, бизнис и политичкиот живот, присуствувала и поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.

Не е познат хонорарот за настапот на Бијонсе која била облечена во стилот на Индија, а која ги исполнила сите хитови од кариерата.

Ова е најновата екстравагантна свадба во Индија. Претходно актерката и мис на свет Пријанка Чопра се омажи во Индија за поп-пејачот Ник Џонас, а актерката Депика Падуконе се омажи за актерот Ранвер Синг. Минатиот викенд Ишта беше деверица на свадбата Пријанка Чопра и Ник Џонас. Двајцата веќе се дојдени на предсвадбените прослави за нејзината венчавка.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com