Бизнисмен во Африка си ја купил невестата за 500 крави и 2 автомобили

0

Родители од африканската држава Јужен Судан ја ставиле на аукција својата сопствена ќерка. Тие на Фејсбук напишале дека на нивното 16-годишно девојче му треба сопруг. На аукцијата учествувала многу мажи, но победил еден од локалните бизнисмени. Тој им понудел на семејството на младото девојче 500 крави, два автомобили Ланд Крузер V8 и 10 илјади долари. Локалните новинари ја нарекоа  Нјалон Нонг Ден Џаланг  „најскапата невеста во Африка“.

Шефот на здружението – Џорџ Отим, беше вознемирен од фактот дека најголемата социјална мрежа во светот „Фејсбук“ не обрнува внимание на трговијата со робови. Како резултат на тоа, објавата за продажба на девојката беше отстранета после 2 недели, на 9 ноември.

Детските бракови се нелегални во Јужен Судан, но сепак многу често се случуваат. Според статистички податоци, повеќе од 50 проценти од малолетнички девојки се имаат омажено и пред да достигнат 18 години.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com