Беше „госпоѓа недопирлива“ а сега два дена плаче

0

 

Се чини дека состојбата со бракот на Бекамови се отргнува од контрола. Имено, Дејвид Бекам неодамна дал големо интервју за една австралиска емисија, при што истакнал, меѓу другото, дека односот со Викторија е „тешка работа“.

Неговите изјави ја обиколија планетата, а извори блиски до семејството тврдат дека дизајнерката плачела цели два дена откако дознала што рекол нејзиниот сопруг.

Добро упатен извор за весникот „Сан“ откри дека Викторија (44) е „засрамена“ и „потполно скршена“ од фактот дека нејзиниот сопруг и татко на нејзините деца не бил внимателен во изборот на зборови.

Една од пријателките на некогашната членка на „Спајс грлс“ откри дека Викторија била „скршена“ по интервјуто па дури и дека затоа отишла во Германија во установа специјализирана за емоционален баланс. Сепак, ваквите наводи ги негираше претставникот за печат на семејството Бекам.

 

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com