Бескорисни производи за убавина на кои сè уште фрламе пари

0

Пена и гел за бричење за жени

Пени и гелови ја омекнуваат и ја навлажнуваат кожата, а содржината на женски и машки производи за бричење е речиси идентична. Единствената разлика е во мирисот и дизајнот на пакувањето (И ЦЕНАТА).

Крема за врат

Кожата на вратот е многу тенка и нежна, така што треба редовна хидратација. Сепак, за тоа нема потреба да се купуваат специјални креми. Секојдневна крема за лице ќе биде доволна.

Спреј за лице

Според рекламите, спрејовите за лице и помагаат на кожата да остане хидратизирана во текот на денот и и дава свежина. Дерматолозите, пак, го велат спротивното: влагата од кожата испарува заедно со водата содржана во такви спрејови, што може да доведе до сушење. Треба да се забележи дека спрејовите со хидратантната компонента не даваат таков ефект. Сепак, тие се многу скапи и не треба да фрлате пари на нив, особено ако користите хидратантни креми.

Марамчиња кои апсорбираат масти

Можеби имаат поубав изглед и пакување, но тие не се ништо подобри од обичните хартиени марамчиња кои се многу поевтини.

Лак за завршен сјај

Издржливоста на ноктите зависи првенствено од самиот лак, а не од присуството или отсуството на специјален дополнителен слој. Купувањето квалитетни лакови за нокти е поразумен начин да ги потрошите вашите пари.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com