Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Бен Афлек одбележа 40 дена одвикнување од алкохол

0

„Неделава одбележав 40 денови во центарот за лечење на зависноста од алкохол и останувам под нега и надвор од болницата“. Со овие зборови оскаровецот Бен Афлек (46) го прекина молчењето и се огласи на Инстаграм за својата моментална состојба.

„Поддршката што ја добив од семејството, колегите и обожувателите ми значи повеќе отколку што можам да кажам. Ми даде сила да разговарам за мојата болест со другите“, напиша тој, објаснувајќи дека неговата борба со зависноста е доживотна и тешка борба и дека затоа човек не може да биде на лекување или надвор од него.

„Тоа е обврска со полно работно време. Се борам заради себе и своето семејство“, изјави актерот. Додаде дека му помага тоа што знае дека не е сам и дека морал да се потсети себе си дека ако има проблем треба да бара помош, зашто тоа е знак на храброст, а не на слабост или неуспех.

Тој замина на лекување на 22 август, откако поранешната сопруга, артистката Џенифер Гарнер (46) го наговори на тоа кога ги виде неговите фотографии со сандак алкохолни пијалоци. Инаку, тој досега беше на одвикнување во 2001 година, како и лани, кога во март објави дека успешно го завршил лекувањето.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com