Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Бен Афлек има четири причини да остане трезен

0

Помладиот брат на Бен Афлек, актерот Кејси Афлек, во саботата даде изјава за „Ентертејмент Тунајт“ дека Бен (46) има четири главни причини за да остане трезен, а тоа се неговите деца – Виолета (12), Серафина (9) и Самуел (6) и нивната мајка, поранешната жена Џенифер Гарнер(46).

„Алкохолизмот има огромно влијание не само врз самиот човек,  туку и врз неговото семејство“, вели Кејси (43). „Неговите деца и нивната мајка се главниот мотив да ја преброди оваа болест“.

Кејси забележал дека семејството Афлек има историја на алкохолизам.  „Бен е зависник и алкохоличар“, изјави Кејси на промоцијата на неговиот филм „Старецот и пиштолот“. Тој додаде дека повеќето од неговите роднини се исто така завнисници од алкохол. Татко им на двајцата актери е исто така алкохоличар, но тој е веќе трезен околу 30 години. Тој исто така призна дека и самиот бил зависник подолго време, но околу шест години не конзумира алкохол.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com