Бела Хадид и Д Викенд направија огромен чекор во нивната врска

0

 

„Тој ја праша да се всели со него, а таа, се разбира, се согласи“, кажуваат нивните блиски. „Таа почувствува дека ова е следниот најдобар чекор во нивната врска“.

28- годинишниот познат пејач, и 22- годишниот супермодел,  раскинаа во ноември 2016 година. Тој продолжи со Селена Гомез од јануари до октомври 2017 година, за да се помири со Хадид во април оваа година на Фестивалот за музика и уметност- „Коачела“, каде што беа видени како се бакнуваат.

Четири месеци подоцна беше официјализирана веста дека тие се повторно заедно. Во октомври оваа година, тие известија дека се обидуваат “да немаат јавна врска” во вториот обид да бидат заедно. „Кога тие беа повеќе јавни, тоа ја влоши нивната врска“, објаснија нивни блиски. „Тие се обидуваат да ја држат врската во приватност. Сега се многу среќни заедно“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com