Белата куќа згрозена од видеото во кое „голата Меланија“ игра пред рапер

0

Американскиот рапер Ти Ај, чие вистинско име е Клифорд Харис Помладиот, со својот најнов спот во кој жена која наликува на Меланија Трамп изведува стриптиз во службената резиденција на претседателот на САД, ја навреди првата дама. Веднаш после објавувањето, Белата куќа, исто така, се огласи.
Триесетгодишниот музичар Ти Ај предизвикал бурни реакции на јавноста кога на својот Твитер профил објави кус видео спот во кој можеме да видиме жена која личи на Меланија Трамп како заводливо игра пред камерата.
Ти Ај во спотот глуми припадник на безбедносната слуќба кој го набљудува Доналд Трамп, додека тој ја напушта Белата куќа со хеликоптер. Во следната сцена Доналд се состанува со жената која личи на Словенката Меланија Трамп, а освен тоа на себе ја носи јакната со слоганот “I really don’t care, do u?” (Баш ми е гајле, а тебе?), идентично парче облека какво што првата дама носеше во месец јули.

Русокосата се соблекува, гола седнува на работната маса на претседателот, а потоа и се придружува Ај Ти и тие двајцата кршат се низ Белата Куќа.
Видеото за само неколку дена е погледнато повеќе од 85 милиони пати, а сцените во кои е ангажирана манекенката која ја глуми Меланија, предизвикаа бурни реакции.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com