Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Бекстрит Бојс го објавија новиот албум „ДНК“ и светската турнеја во 2019 година

0

 

Денес Бекстрит Бојс објавија дека ќе започнат светска турнеја за поддршка на нивниот десетти студиски албум, „ДНК“, од 25 јануари 2019 година. Сега достапен за претходна нарачка, албумот вклучува песни напишани од Стјуарт Кричтон, Енди Грамер , Лаув и Мајк Сабат. Денес тие исто така издадоа нов сингл “Шанси”, напишан од Шон Мендез и Рајан Тедер.

Продуцирана од „Лајн Нејшн“, ДНК-турнејата ќе биде најголемата турнеја на машки бенд во посследниве 18 години – и Ник Картер, Хауви Доро, Брајан Литрел, Еј. Џеј. МекЛин и Кевин Ричардсон не можат да дочекаат да почне.

-Кога оваа група започна пред 26 години – и низ сите издигнувања и падови на нашата кариера – ние требаше да научиме дека тоа не се работи за нас како поединци, туку за тоа што е најдобро за групата – вели Доро, додавајќи дека тие се возбудени што го завршуваат својот престој во Лас Вегас. -Следниот период ќе биде забавен – вели тој. -Крајно време е за нас да ги посетиме нашите обожаватели низ целиот свет.

Турнејата ќе се одвива низ повеќе градови во: Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Холандија, Австрија и Шведска.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com