Бекамови се „разголија“ пред медиумите

0

Дејвид Бекам призна дека неговиот брак со Викторија е „секогаш напорна работа“ – и дека тоа е уште покомплицирано. Двете ѕвезди се во брак веќе 19 години и заедно имаат четири деца.
Поранешниот капитен на Англија даде неколку забелешки во интервјуто за „The Sunday Project“, австралиско ТВ шоу.
Во прилогот, Дејвид е искрен за својот брак, споделувајќи: „Да се биде во брак толку долго, секогаш е тешка работа. Станува малку посложено“.

Тој, исто така, се отвора за татковство во разговорот, кажувајќи и на водителката Лиза Вилкинсон:
„Понекогаш тоа се малите нешта што ја прават најголемата разлика. Јас го забележав тоа со моите деца“.
Бекс продолжи да се шегува дека само „за едно нешто се кае“ во животот – но сè уште не е откриено што е тоа.
Интервјуто на Дејвид доаѓа само неколку недели откако Викторија се отвори за нејзиниот брак во разговор со магазинот „Вог“.

Поранешната „Спајс девојка“ изјави за списанието дека таа и нејзиниот сопруг се „прилично навикнати да ги игнорираат глупостите и да продолжат да одат нормално“.
Таа додаде: „И двајцата сфаќаме дека сме посилни заедно отколку како поединци. Дали некој од нас би бил во позицијата во која сме сега, ако не сме се запознале и не сме биле заедно толку години? Се работи за семејната единица. Ние шестмина сме многу посилни, отколку што би биле како поединци. Ние ја почитуваме таа семејна врска и тоа е клучот“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com