Бебе Реџа: Имам биполарно пореметување!

0

Американската пејачка и авторка Бебе Реџа откри дека има биполарно пореметување нагласувајќи дека поради тоа многу често не се чувствува добро, дека тоа ѝ ја отежнува работата, пренесува BBC.

Оваа музичка ѕвезда во подем проговори за својата болест на Твитер велејќи дека повеќе не се чувствува посрамено поради својата здравствена состојба.

“Не разбирав зошто се чувствувам болно. Често чувствував пад во расположението поради што не сакав да ја напуштам својата куќа и поради што не сакав да бидам опкружена со луѓе, а не ни спиев, што често ме наведуваше да престанам со работа и да ставам крај на музичката кариера”, напишала Реџа.

Исто така, таа неодамна изјави дека работи на нова музика откако се соочила со својата болест.

Ден пред да проговори Бебе за своите проблеми објави видео на Инстаграм во кое говори како секогаш се труди да не се впушта во трката со своите колеги во поглед на конкурентност и да се позиционира на топ листите и следењето на успехот на Интернет.

Имено, луѓето со биполарно пореметување поминуваат низ екстремни промени на расположението, а тие може да варираат од епизода на депресија до манични напади. Кога се депресивни, ќе се чувствуваат опаднато и летаргично, а кога ќе имаат маничен напад нивната радост е пренагласена.

Лицата со биполарно пореметување често страдаат од несоница и имаат помал апетит, лесно се нервираат и трошат пари на работи кои во нормални услови не би им биле потребни. Тие исто така може да доживеат психоза, каде гледаат и слушаат работи кои не се присутни или веруваат во работи кои не се вистинити.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com