Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Баретката е единствен моден додаток кој ќе ви биде потребен оваа есен

0

 

Еден можеби дури и малку подзаборавен моден додаток  се враќа во нашите ормани. Сега не постои сомнеж дека таа ќе владее оваа сезона и ќе биде нашата омилена шапка, бидејќи беретката ја гледаме  насекаде. Најпрво ја забележавме на есенската модна ревија на куќата Диор, каде што моделите ја осквернуваа пистата со шик кожени беретки. Но, Диор, секако, не беше единствениот – Гучи и Армани, две реномирани куќи кои помогнаа да се дефинира еден од нашите омилени модни трендови за оваа сезона.

 

Дека трендот навистина ќе биде хит, докажува и изобилството на фотографии на реномираните модни списанија како и фотографиите од  социјалните мрежи на кои познати блогери ги презентираат токму нив – баретките. 

Но многу пред современите модни икони, во овие шармантни капчиња уживаа легендите како: Марлен Дитрих, Едит Пиаф, Одри Хепберн, Фај Данавеј, па дури и принцезата Дијана. 

Беретката најчесто се поврзува со француската мода, па така трендсетерките деновиве маршираат низ улиците по модните метрополи во своите баретки, истакнувајќи дека се чувствуваат како парижани. 

Каде и да ги носите, ние Ви нудиме инспирација за да ја пронајдете совршената баретка за оваа сезона. 

 

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com