Барди и Несторовски за прво место во групата

0

Македонија се најде на чекор до освојување на првото место во групата Д4, откако вечерва успеа да ги освои трите бода на гостувањето во Вадуц кај Лихтенштајн 0:2 (0:0).

Со головите на Барди од слободен удар во 53 минута, а во судиското надополнување во 92. минута на Несторовски, Македонија дојде до заслужениот и очекуван триумф. За одбележување е и фактот дека домашните од 50. минута играа со играч помалку.

Сега на табелата Македонија има 12 бодови, три повеќе од Ерменија, и потребен е само бод со Гибралтар во понеделник во Скопје за дефинитивно прво место во групата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com