Балканските мафијашки пресметки се преселија во Виена

0

Денеска околу 13:30 часот по локално време се случило пукање пред ресторан во центарот на Виена, на Бакерштрасе, при што едно лице е убиено, а друго повредено. Биле испукани 5 куршуми, по што едно лице загинало на самото место, а другото се бори за живот. И двајцата биле застрелани во пределот на главата. Виенската полиција соопшти дека не станува збор за терористички напад.

Иако се појавија информации дека е уапсено лицето осомничено за пукањето, портпаролот на полицијата, Даниел Ферст, го негираше тоа. Тој појасни полицијата само запрела неколку луѓе, но тие биле ослободени.

Српските медиуми укажуваат дека во пукањето е убиен Владимир Рогановиќ, еден од членовите на озлогласениот кавачки клан, а ранет е уште еден член на тој клан, 22-годишниот Стефан Вилотијевиќ од Никшиќ.

Според изјавите на сведоците, пукањето се случило околу 13:30 часот во близина на локалот „Флигмулер“ и во него учествувале повеќе лица. Полицијата излегла на местото на настанот и увидот е во тек.

Новинари од австриски „Куриер“ на местото на пукањето сретнале литвански новинар кој снимил како еден од застреланите лежи на улица. Според информациите, напаѓачите зборувале на некој словенски јазик и викале „брат, брат“.

„Тоа беше босанска мафија, едниот беше Србин и нешто зборуваше. Другиот како да викаше ‘брат, брат’“, изјавил новинарот за „Куриер“.

Двајца вооружени мажи избегале од местото на настанот.

„Еден беше многу висок и силен човек, а двајцата беа облечени во темни бои“, изјавиле сведоците.

„Слушнав пукање и извици, се заклучав себеси во продавница и се сокрив, видов жртви, имаше многу крв и многу се исплашив“, изјавила сведокот Моника Дулак.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com