Апсења во Шпанија заради местење фудбалски натпревари

0

Шпанската полиција потврди дека се уапсени неколку лица во рамките на истрага за местење натпревари. Меѓу приведените се неколкумина сегашни и бивши играчи, како и клупски функционери од најдобрите две лиги.

„Полициската акција уследи откако шпанските власти добиле дојава за можно местење натпревар од Ла Лига, одигран во мај 2018“, изјави портпаролот на првата лига.

Самата лига ја информираше полицијата за осум други случаи на можно местење.

„Ла Лига е многу активна во борбата против местењето. За нас е важно да имаме фер натпреварување“, додаде тој.

Меѓу имињата кои се споменуваат во шпанските медиуми се бившиот играч на Реал Мадрид Раул Браво, кој е наводен лидер на групата. Покрај него, уапсен е и претседателот на Хуеска, Агустин Ласаоса и шефот на медицинскиот персонал, Хуан Карлос Галинда Лануса, поранешните фудбалери Борха Фернандез и Карлос Аранда, како и сегашниот играч на Депортиво, Ињиго Лопез.

Сите се обвинети за местење натпревари во сезоната 2016/2017 и 2017/2018 во Примера и во Сегунда. Обвинетите се товарат за перење пари, поткуп, корупција и здружување со криминална организација. Шпанското судство нареди скратената постапка да биде ставена под тајност до натамошна истрага.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com