Апасиев до Владата: Вие сте тотално луди

0

Вие сте тотално луди луѓе! Вас ви нема спас. И затоа ќе си го добиете. Ама жестоко

Ова и го порачува на Владата професорот Димитар Апасиев во врска со одлуката пензионерите, вработените, луѓе со други приходи или тие што немаат лиценца да не можат да продаваат овошје и зеленчук на пазарите.

Според него оваа владина мерка има за цел да направи простор за поголем профит за прекупците.

Имаш 11.000 пензија. Имаш и мала бавчичка која ти раѓа патлиџани. Ама ти нема да смееш да си ги продадеш на пазарче, оти на некој ШУП*К ОД ДУИ му текнало да предложи таков Закон!!! А во меѓувреме, Зелената мафија на прекупците од Кванташки нека ќари од потта на ситните земјоделци, заклучува Апасиев кој го користи хаштагот #МамицатаВашаХошт аплерска.

Револтираниот професор најавува дека законот ќе биде оспорен пред уставниот суд и директно прозива луѓе во владата од кои бара одговори.

Баш би сакал другар ми Бранимир Јовановиќ, да ни објасни како тоа СИРОМАШНИТЕ добиваат од овој Закон!?

А може да се убаци и благоглаголивиот портпаролот Миле Бошњаковски.

Пренесете му на Премиерот Зоран Заев, дека со овој налудничав потег на ИЛЈАДНИЦИ СИРОМАШНИ НАШИ СОГРАЃАНИ ќе им ја секнете секоја можност за дополнителна легална заработка, како и можноста за самостоен излез од мизеријата во која се напикани не по нивна вина.

Најчесто продавачи се стечајците и пензионерите, кои едвај крпат крај со крај. И конечно, еве да ви кажам како професор по право, овој антисиромашен закон е спротивен на Уставот и истиот ќе биде оспорен пред Уставен суд. Се надевам дека тогаш нема да биде 7:2 у гласови кај карикатурите од судии. ЈЗк да ви е!!! Ова НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО, порачува Апасиев.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com