Анџелина Џоли наскоро под вел?

0

 

Уште не е разведена, а веќе се спрема за нова свадба. Обожавателите на ѕвездата од фантастичниот трилер „Лара Крофт“ беа вчудоневидени од нејзината одлука.

Џоли испланирала свадба со мистериозен жител на Велика Британија, чиј идентитет уште не е познат. 42-годишната американска актерка прави сè за да ја задржи во тајност својата романса, која веќе трае неколку месеци.

За новиот партнер на Анџелина е познато само дека има 40 години, финансиски е дорбо поткрепен и се занимава со хуманитарни акции, каде што и се запознал со познатата актерка. Романсата започнала во почетокот на 2017 година, но ја чувале во тајност, па веста за свадбата на неговата сопруга за Бред Пит и за нивните шест деца беше огромно изненадување. Близок пријател на актерката изјавил дека оваа вест ќе го направи многу несреќен. Бред се сомнева дека овој брак ќе биде успешен.

Веќе е одлучена и локацијата каде ќе се одржи венчавката- Камбоџа, место кое актерката го смета за свој втор дом. Свадбата ќе биде организирана во Национален парк со дива природа, а младоженците ќе бидат облечени во камбоџанска традиционална облека и храната ќе биде локална.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com