Ангела Меркел вечераше во локалниот стек-хаус со обични Аргентинци

0

Канцеларот на Германија, Ангела Меркел, на крајот од самитот на Г-20, што се одржа во Буенос Аирес, Аргентина, вечераше во локалниот стек-хаус „Дон Хулио“. Меркел уживаше во вкусот на квалитетното аргентинско месо, а после тоа отиде на прошетка низ центарот на Буенос Аирес.

Локалните жители се заинтересираа за присуството на германскиот канцелар и покрај тоа што сообраќајот на улиците во непосредна близина на ресторанот беше ограничен, минувачите можеа да се приближат до прозорците на ресторанот и да се обидат да ги видат гостите. На излезот од ресторанот имаше и многу луѓе кои чекаа да се фотографираат со фрау Меркел.

Поради проблемите со германскиот приватен авион „Конрад Аденауер“, Ангела Меркел дојде 12 часа подоцна на самиот Г-20. Таа полета во бизнис-класа на редовен лет на шпанската авиокомпанија „Иберија“.

Еден од нејзините сопатници, Аргентинецот Агустин Агуеро, ги сподели своите впечатоци за летот со германскиот канцелар. Според зборовите на 28-годишниот Аргентинец, тој немал храброст да разговара со Меркел, иако таа се однесувала како сосема обична личност, се смеела и била многу опуштена.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com